Австрија во Брисел го предаде планот за решавање на мигрантската криза преку воспоставување центри за повратници, кои би биле надвор од ЕУ, и од кои, странците на кои им е одобрен престој, бидат протерани.

Официјална Виена првите денови од претседавањето со ЕУ ги искористи за покренување на план за решавање на мигрантската криза.

Во Брисел беше упатен документ од девет страници, во кој се предлага барањата за азил повќе да не се прифаќаат на територијата на ЕУ.

Според виенскиот весник „Стандард“, тие центри за повратници треба да бидат формирани надвор од ЕУ, во трети држави.

Во тие центри треба да се префрлат сите странци, кои биле одбиени за азил, а кои не можат да бидат протерани во нивната држава поради непостоење на подготвеност во тие држави или самите лица.

Тоа би погодило голем број луѓе, кои во моментов не може да се  протераат.

Документот од Виена е предаден на Одборот за мигрантски, гранични, азилантски прашања на Советот на ЕУ, каде е покрената дискусија.