Претседателот Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери.

Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба по инаугурацијата на Пендаровски за шеф на државата.

Пендаровски минатата недела во Вила Водно имаше официјална средба и со премиерот Зоран Заев.