По пауза од две години, на 23 јуни (четврток), од 19 часот па се до полноќ, во винскиот бар и ресторан „Форца“ по 4-ти пат ќе се случува единствен настан „Вино на штикли“ кој на едно место ќе ги собере – најдобрите вина,  жени на штикли (со што се потенцира дрес кодот за оваа посебна ноќ) и секако, мажи со вкус. Ова е вистинско место за вашите најдобри штикли бидејќи ве очекува фантастично модно изненадување.

Виното и жените се најопеаните нешта на светот, а кога на ова ќе се надодадат вкусните специјалитети на ресторанот Форца, настапот на поп ѕвездата Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, која за оваа вечер има специјален репертоар, навистина се работи за настан што не се пропушта.

Внимавајте: во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 100 различни вина од 15 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на ресторан Форца.

Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи бројот на гостите е ограничен.

Влезниците се продаваат единствено во Форца, а сите патишта на 23 јуни ќе водат кон овој популарен скопски локал.

П.С. И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.

Се гледаме!

Резервирајте на 078 445 068.