ВИРУСОТ ЗЕМА И МЛАДИ ЖИВОТИ: Од Ковид-19 почина 22-годишно момче од Свети Николе

/ 21.09.2020

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје од последици од Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.


Од истата категорија