Нема ништо тајно, премиерот Зоран Заев викендов во Охрид се сретна со заменик- претседавачот на Фондациите Отворено општество Александар Сорос, велат од Владата.
Средбата, како што се вели од Владата, била дел од новата регионална иницијатива за Западен Балкан.
– Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот. Иницијатива за подобар Западен Балкан не е никако поврзана со најавените предвремени избори во нашата земја, одговориле од Владата, објави РСЕ.
Покрај средбата со Сорос, премиерот се сретнал со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка и на Регионалниот совет за соработка, поради што беа и зголермени безбедносните мерки.