Втор ден Владата и премиерот Зоран Заев ниту потврдуваат ниту демантираат дека во Охрид се одржала тајна средба со Александер Сорос, син на контроверзниот милијардер Џорџ Сорос, објави денеска порталот Република, пред да биде потврдено од Владата дека викендов Заев имал средба со Сорос.

Она што исто така остана неодговорено е зошто државните ресурси (обезбедување, превоз, блокирани улици, сообраќаен режим) се ставија на располагање на приватни, недипломатски лица како што се Алекс Сорос и неговите соработници Зак Грем, Лаура Силбер, Томас Обрајан и Гибсон, пишува Република.

Како што веќе објавивме, Сорос пристигнал во Охрид со својот приватен авион, а од аеродромот бил преземен со обезбедување од полициски службеници од Шестата управа и сместен во охридскиот хотел „Јуник“.
Во самиот хотел, како што дознаваме, биле воведени строги мерки на претпазливост, а според нашиот извор, во еден момент било наложено дури и поширокиот персонал од хотелот да се отстрани и да не пристапува во деловите каде што биле сместени Сорос и неговите соработници. Се претпоставува дека токму тогаш во во салата за бизнис-состаноци се одржала и средбата меѓу Зоран Заев, Еди Рама и тимот на Алекс Сорос.

Јавноста остана покуса за одговори за многу прашања кои се врзуваат зо целта на посетата на Сорос.
Во недостиг на официјални информации, нашите неофицијални информации говорат дека средбата била неслучајна и темпирана во време на одржувањето на трилатералниот состаноок во Охрид за да се прикрие присуството на контроверзниот бизнисмен и зголеменото присуство на обезбедување и полиција.

Наводно Заев е свесен дека неговата намера за прикажување на опозицијата за антиевропска доживува неуспех, и затоа тој се враќа на својот сигурен спонзор Сорос.

Составот на делегацијата на Сорос, финансиски и ПР-стратези, пак, укажува и на можните теми за разговор.
Како што веќе објавивме, Заев побарал од Алекс Сорос пари за финансирање кампања и поддршка на медиуми, а за возрат тој е согласен како премиер доколку се оствари најавуваниот есенски бран на мигранти, за дел од нив да обезбеди брза рута за транспорт кон северна Европа, а дел да да ги задржи во земјава и македонската влада да обезбеди простор и услови за нивно домување.

Инаку е познато дека Сорос е поборник за населување на мигранти на Европско тло, а воедно ова кореспондира и со тензичната атмосфера во Турција, чијшто претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна најави дека е подготвен да испорача неколку милиони мигранти кон Европа.

На истата средба во Охрид бил и албанскиот премиер Еди Рама, кој важи исто така за близок до милијардерот Сорос. Заев, наводно, од него побарал да влијае и да помогне во обезбедување на албански гласови кои ќе одат на контото на СДСМ. На ова барање, како што дознаваме, Рама наводно одговорил дека Албанците се слободни граѓани и тој тие гласови не ги држи во својот џеб, потенцирајќи дека ако се замеша, би му замериле од ДУИ. На ова неофицијално Заев дал информација дека висок полициски функционер отпатувал во Чикаго и остварил средба со Ел Чека снабдувајќи го со материјали кои во наредниот период би го компромитирале ДУИ.

Неофицијално, дознаваме дека Алекс Сорос се интересирал и за претходни средства кои биле вложувани од неговата фондација и наводите дека тие се злоупотребени од лице од власта.

Делегацијата предводена од Александар Сорос ја напуштила земјава вчера доцна попладне од Охридскиот аеродром и одлетала за Париз на Париската мировна конференција, каде што милијардерот ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.