Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата,  а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Не е само да се разрешува, туку треба и  да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме овие разговори, ќе ги соопштиме одлуките, рече Заев.

Владата денеска има закажано седница, а смените ќе ги разгледува и на наредната седница идната недела.