Владиката Петар, во врска со забраната за одење на гробишта за Задушница, очигледно обраќајќи се до Филипче, за Сител изјави:

-Ама, ќе го исфрлат и него од местото каде е, ако така продолжи. Оти не рече така за Ифтар… Или тогаш му изеде кравата јазикот? Нека мислат и тие кога нешто ќе кажат. Значи до крај треба да бидат понижени православните? Затоа што за Велигден никој не отиде ни в црква… беа затворени црквите итн? А за другите се даде одобрение, тие кажаа нема да почитуваме мерките и никому ништо. Нека не прават селективен однос кон верниците од ниту една вера, зашто ние немаме ништо против муслиманите, ама не сакаме властите кон нас ваков однос да имаат и тие да не делат. Сите овие мерки треба да се почитуваат, се согласуваме, ама да му забраниш некому да оди на гробишта… мислам ја претераа. Значи се голтна апчето за Велигден, но ова луѓето нема да го голтнат“.

Претходно според прилогот на Сител и владиката Тимотеј ги повикал верниците в црква на молитва, односно рекол дека црквите ќе бидат отворени за верниците, истакнувајќи истовремено и дека секој кој може треба да ги посети и гробиштата.