По Борис Дамовски и Игор Дурловски, и Владо Јовановски се огласи по повод изјават на Зоран Заев за амнестија. Како и Дамовски и Дурловски и тој ја одби идејата, велејќи дека милост бара тој што е виновен, а самиот не чувствува вина за тоа за што е обвинет. Еве ја неговата реакција:

„Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!
Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!

Вистината е мојот најголем и единствен бранител!
Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена..

“..Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“ – пишува Владо Јовановски.