Властите во виетнамскиот главен град побараа од жителите да престанат да јадат кучешко месо бидејќи тоа му штети на имиџот на градот.

За многумина во Ханој, кучешкото месо е деликатес бидејќи сметаат дека тоа зголемува издржливост.

Заменикот градоначалник на Ханој, Нгуен Ван Су нагласува во соопштение дека убивањето кучиња и мачки и јадење нивно месо ги вознемирува странците и штети на имиџот на градот. Су побара од локалните жители да подигнат свест за опасностите од беснило при одгледување кучиња и мачки заради месо.

Во Ханој има околу 493.000 кучиња и мачки од кои повеќе од 10 отсто се одгледуваат за комерцијални цели.