Ако СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски. Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции

Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат.  Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.

Фото: архива