Во недостиг на ефикасни мерки за справување со економската и енергетската криза, од центарот за комуникации на СДСМ излегуваат банални соопштенија.

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го објавуваме во целост:

Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее.

Очигледно е дека нивниот претседател Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Нивниот претседател Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник – управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира заевизмот во СДСМ. Единствено најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.

Заевизмот е најголема закана за граѓаните и Македонија. Пионите кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Зоран Заев. Тоа единствено може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори.