Денес Петре Шилегов силно манипулираше и ја лажеше јавноста кога тврди дека – „Законот вели најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис може промена на имиња на улици. Во однос на пописот се зборува за планиран односно редовен попис. Овој попис што беше најавен за сега, а е одложен за во септември е вонреден и не е планиран”.
Не знаеме кој закон го читал Шилегов, но важечкиот закон не вели така. Се моли Шилегов да научи правилно да чита закони, кои велат една година пред попис нема промена на имиња на улици.
Поточно во членот осум стои, име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект не може да се промени шест месеца пред одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ПЛАНИРАН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО.
Законот никаде не прави разлика помеѓу вонреден и редовен попис, а секој попис и тој вонредниот е планиран согласно закон каков што и веќе постои.
Освен тоа што е жално што адвокат како Шилегов се посрамоти поради правното незнаење, уште пожално е што турка на сила против правна одлука која ќе падне пред суд затоа што е незаконита. Знаеме веќе дека е очаен градоначалник, сега знаеме дека исто толку очаен е и правник.
Реакцијата доаѓа откако денеска шилегов им порача на луѓето до ВМРО-ДПМНЕ да научат да бројат на прсти и да избројат дека меѓу мерката за менување улици и терминот за избори има повеќе од шест месеци.