Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение го објавуваме во целост:

Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков.

Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски не го редат ниту на фотографија.

Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија?

Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ