СДС на Венко Филипче и оваа седмица ја започнува со ширење на лаги и хистерија. Очигледно тоа е резултатот кога ова раководство на СДС не може да се помири со реалната ситуација во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ коешто МИА го пренесува интегрално.
И во период на една од најголемите светски кризи на Блискиот Исток, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги задржа цените на нафтените деривати на најниско ниво од земјите во регионот, а има и доволно нафтени деривати и од соседните држави доаѓаат по гориво во Македонија.
Дополнително и состојбата со цените е стабилна. Според Државниот завод за статистка инфлацијата во континуитет се намалува и сега изнесува 2,3 проценти. За разлика од периодот на владата на СДС, кога инфлацијата беше високи 16 проценти.
За почетокот на учебната година пак се донесени посебни мерки. Одлуката на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ги обврзува трговците на големо да ги намалат цените за најмалку 10 проценти, а во малопродажба да се намалат најмалку 15 отсто. И мерката опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците ранци, тетратки, блокови, моливи, пенкала, боици, пластелин и слично.
Состојбата во Македонија говори само едно, инфлација која се намалува, мерки за најмладите на почеток на учебната година. И секако дека СДС сето ова не може да го поднесе. Очигледно единствено на што се сетиле е продолжување на серијата ширење лаги и паника меѓу населението.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




