Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани. Но, Филипче да не се грижи, тоа што нивниот слуга во правосудството го спаси од кривичен прогон, по долгите години што обвинителките од криминалното СЈО предметот го чуваа во фиока, не значи дека предметот понатаму не може повторно да се отвори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче кажани во Тема на денот на ТВ Сител.

Правда и одговорност за 14 живи изгорени граѓани на 8 септември во Тетово, мора да има, кога тогаш.

Како што треба да има и 400 извештаи за неисправна вода за пиење во Гостивар и во други населени места во државата, кога Венко беше министер за здравство, а не презема никакви мерки, ниту ги предупреди и информираше граѓаните да не ја користат.

А, воедно, Филипче уште ја штити локалната власт и градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани за кој јавно побара масовна поддршка на последните локални избори за да СДС биде дел од власта.

Венко Филипче може да зборува колку сака за економија, но бројките се немилосрдни и му ги побиваат сите тези, затоа што и платите, и пензиите, и економијата, споредено со периодот на власт на СДС, растат повеќе и народот подобро живее.

Во однос на можноста да се одржат евентуални избори, се гледа целата несигурност и страв кај СДС и Венко Филипче.

Зошто знаат дека следните избори, независно кога ќе се одржат, не само што ќе доживеат уште еден изборен дебакл и повторно ќе бидат испратени во длабока, туку тие избори ќе бидат нивниот билет за во темната страна на историјата.

И токму затоа, за да купат уште некој ден повеќе на партиските позиции, се единствената опозициска партија во историјата на независна Македонија, која не бара избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ