Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма продолжи со кажување на ноторни лaги, како што тоа го прави во текот на целиот период од министерувањето од крајот на 2017 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Старо-новиот министер за зараза и смрт, Филипче од стартот на пaндемијата, ја направи Македонија лидер на листите во регионот и Европа по црна статистика. Македонија ја направи земја со најголем број на новозаразени, ја направи земја со најмногу починати на милион жители. Филипче ја направи Македонија единствена земја која остана со зaтворени граници. Филипче ја направи Македонија единствена земја која никогаш не излезе од корона кризата, за разлика од останите држави во регионот и Европа кои ги отворија училишта уште во мај, а во Македонија се уште не е се подготвено за старт на учебна година, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Филипче ги излaжа докторите дека ќе имаат основна плата од 100 илјади денари, специјализантите ги остави да дежураат без пари.

-Филипче секој ден само дава аргументи дека е министер за зараза и смрт. Филипче наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, тој се грижи само за криминални тендери, за парцели, гради куќи, згради… А во меѓувреме нема ништо од 16-те најавени монтажни болници, а да не зборуваме за нов клинички центар! Неyспехот во бopбата против КОВИД -19 има име и презиме, тоа е Венко Филипче, министер за зapаза и cмpт, велат од партијата