Ако ние го присвоиме да биде само Македонец Гоце Делчев, нема решение со Бугарија, истакна премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Канал 5.

– Верувам дека Комисијата ќе гледа на позитивниот аспект, низ позитивна призма, како да се гради мостови на соработка, пријателство и слично. Тука е филозофијата оти прашавте што е проблемот таму. Проблемот е различни погледи во светот. Мора да гледаме на ова како мост на соработка. Не да го присвојуваме, нагласи Заев кој беше гостин во емисијата „Само интервју“.

Заев додаде дека не треба Гоце Делчев да се присвојува како Македонец, бидејќи тогаш иднина и соработка со Бугарија нема.

Вчера од владината служба за информирање беше најавено дека наскоро Заев патува во Софија на средба со неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов.