Има најмалку 30 причини зошто однесувањето на оваа криминална власт се оценува како насилство над демократијата, насилство над уставниот поредок, насилство врз волјата на граѓаните. Покрај тоа што се крши волјата на граѓаните, предлогот за пристапување кон измена на Уставот од формално-правна, но и од материјално-правна причина не смее да биде усвоен од пратениците во Собранието на Република Македонија, бидејќи истиот ги крши темелните вредности на уставниот поредок и неколку члена од Уставот, изјави денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој вела дека Владата ја почна постапката за уставни измени, а Договорот е спротивен на Уставот и не е објавен во “Службен весник.
-Ниту Договорот е во согласност со Уставот, а уште помалку е во согласност со Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Во чл. 118 од Уставот стои дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот, што значи со закон објавен во „Службен весник“, СЕ ДЕЛ ОД ВНАТРЕШНИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК. Овој договор не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата и не може да биде основа за менување на Уставот. Исто така, со предлогот за пристапување кон измена на Уставот не се почитува волјата на над еден милион и двесте илјади граѓани кои не го прифатија Договорот од Преспа како основа за менување на Уставот. Волјата на граѓаните изразена на референдум согласно Уставот е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА ВЛАСТА! Тоа е суштината на демократијата, изјави Столковски.
Стоилковски потенцираше дека Уставот не прави разлика меѓу консултативен и задолжителен референдум, туку вели дека одлука донесена на сите видови референдуми е задолжителна, бидејќи волјата на граѓаните е суверена и е над власта.
-Загрижува и фактот што министерството за правда се иззема од уставните измени и како надлежен претставник го става министерот Никола Димитров како шеф на МНР што е до сега невидена пракса. Секогаш измени на Уставот предлага Министерството за правда овој пат одлучи да избега од процесот од необјаснети причини. Продолжуваат манипулациите на власта за смена на Уставот и покрај Јасно изразената волја на граѓаните изразена на референдумот. Граѓаните со апстиненција испратија гласна порака дека капитулантскиот договор не се прифаќа, Таа треба да биде испочитувана од сите пратеници, од сите институции, првенствено Собранието кое што го распиша референдумот, а потоа и од извршната власт. Зоран Заев не е, ниту може да биде над народот. Собранието мораше да го испочитува отфрлањето на капитулацијата преточена во Договорот од Преспа. Јасен е теророт на власта во силувањето на демократијата, прво со непочитување на референдумот и во кампања и резултатот од него; Терор врз уставот и законите, и сега политички недемократски терор преку закани и трговијата со правото и правдата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.