Време е СДСМ наместо да пушта бледи и стерилни соопштенија да одговори на неколку прашања за криминалниот грабеж што им го прави на граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштенијата од партискиот штаб на СДСМ.
– Владата на СДСМ треба да објасни како без ребаланс на Буџетот испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор и крати од суштински проекти за граѓаните. Кои се фирмите кои ќе ги добијат милионите кои сега институциите ќе ги одвојат за правдање на капитулантското дело? СДСМ криминална го користи референдумот како параван за нов криминален грабеж каде во прашање се милиони евра, се вели во реакцијата на опозициската партија.
ВМРО-ДПМЕ доадав дека ова клемптоманство не смее да продолжи, оваа власт мора да си замине.