Убиството на ракометарот на РК Бутел Денис Тот ниту една разумна личност не би го оправдала, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Клучната тема во овој трагичен настан, кој најостро го осудуваме е – зошто владата на Ковачевски се обиде убиството на хрватскиот ракометар да го прикрие како да не се случило?!?! Зарем беа толку наивни да поверуваат дека вистината нема да се дознае? Дали има нешто повеќе и нешто друго заради што Ковачевски и кадрите на СДСМ се одлучија на овој катастрофален чекор на прикривање на убиство?!- се вели во реакцијата.

Жално е, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кога денес како луѓето што дојдоа на бранот на борбата за фер и транспарентни институции, ги гледаме во едно крајно лошо светло како соучесници и џелати на правдата и вистината во Македонија!

-ВМРО-ДПМНЕ го повикува Ковачевски да се огради од оние што се обидоа да го прикријат убиството на ракометарот на РК Бутел и најостро да ги санкционира истите во согласност со законите на оваа земја. Во спротивно, ќе сметаме дека СДСМ и Ковачевски лично се директни учесници во овој грозоморен чин, наведува опозициската партија во соопштението.