Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска Банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6% инфлација, а Светска Банка прогнозира двојно повисока.

Очигледно дека извештајот на Светска Банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. ПОразителен е фактот кој го потенцира Светската Банка, дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација.

Ова се резултатите од катастрофалната економска политика на ДУИ и СДС. Народот во Македонија 4 пати побрзо ќе осиромашува, затоа што кај нас цените на основните продукти се 4 пати повеќе поскапени, за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден.

Само политичари без срам, какви што се овие во владата, на вакви економски параметри може да речат дека македонската економија блеска. За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува, стои во соопштението на партијата.