На народот во Македонија веќе му е преку глава од порази во сите сфери на неговото живеење, дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на уставот, под бугарски диктат, веќе е постигната кулминација на незадоволството, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поразите на владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, се повеќе секој ден, ако оваа гарнитура остане на власт. Оваа група од криминалци на власт, граѓаните не ги есапат, ни нивните политики, ни нивните бајати изјави, а најмалку празните зборови, кои ги верглаат секој ден во медиумите. Реалноста е дека инфлацијата го јаде стандардот на народот, учениците и оваа година ќе немаат учебници, судството има 1% доверба кај граѓаните, здравството е на колена, а младите секој ден ја напуштаат Македонија, во огромен број, велат од партијата.

Од таму додаваат дека време е владата на ДУИ, подржана од СДС, да ја признае оваа реалност и што побрзо да одиме на избори, преку кои, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе почне да ги решава проблемите на народот.