Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето.

-Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ, апелираме сите оние кои особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови, да бидат совесни и свесни за периодот кој следи.

-Укажуваме дека периодот кој ќе следи ќе биде историски значаен период за здравствениот систем во Македонија.

1.Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа.

2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти.

-ВМРО -ДПМНЕ со Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на непотизмот, корупцијата и криминалот во здравството, а ќе воведеме мерит систем, нови лекови на позитивна листа, соодветни услови за работа на медицинскиот кадар, стои во реакцијата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.