Точно е дека ќе има оставки, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата, веднаш по изборите. Времето за оставки ќе дојде кога СДСМ ќе ги загуби катастрофално предвремените парламентарни избори, кои бараме да се случат што побргу.

Ова се нагласува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение целото соопштение:

А по таквите оставки ќе следува одговорност. Одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија.
Одговори и одговорност ќе има и за кого крадеше Мухамед Зекири. Каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев. Одговорност ќе има и за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.

Одговорност ќе има и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.

Оставки ќе има, но ќе има и одговорност за највисоките лица од СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ