Зборовите на Стево Пендаровски треба да се земаат со огромна резерва. Тој е синоним за човек кој едно кажува до пладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта веќе се демантира. Без срам и перде во 2020 година зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот устав во контекст на бугарските барања и вето. Тој дури и со неговата типична ароганција тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и такво прашање не било ставено на маса. Кажа и излажа, по кој знае кој пат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски ставовите ги менува како дува ветрот. Тоа не е ниту достоинствено, а уште помалку државнички. Денес Стево Пендаровски без око да му трепне, како никогаш да не кажал поинаку, ги убедува граѓаните дека треба да се промени македонскиот устав по бугарски диктат. Дали Пендаровски денес е “ван памет“ кога заговара отворање и менување на уставот? Има ли овој човек дигнитет. Очигледно не. Тој изгуби и кредибилитет и интегритет, но најстрашно е што понижувајќи се себеси и лижејќи кај што плукал, го погазува и достоинството на народот, функцијата и државата, се наведува во партиското соопштение.