СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, стои во соопштението-реакција на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално.

Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС:

Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. Не туѓо прераскажување. Снимката.

Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело. Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

Во демократијата имаме право на сопствено мислење. Немаме право на сопствени факти.

А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“. Сите го гледаат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ