СДС се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДС, Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со љубави.

Очекуваме СДС да се извини поради ширењето на вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија. А најдобар доказ дека ова е стара фотографија е фотографијата на Андреј Ковачев од 2024 година. Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“ – велат од партијата.