СДСМ има коалициски договор со ДУИ за фалсификат попис, ВМРО-ДПМНЕ ќе собира граѓански потписи за негово поништување, соопштија од партијата.
Во продолжение целото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ и понатаму продолжува да го турка пописот на сила и со тоа да спроведе фалсификат попис.
Нема попис во кој може да се има доверба кога власта ги одби сите забелешки од опозицијата. Со ова однесување се покажа само колку насилнички се користи власта.Попишување без никакви докази со диктирање на матични броеви и врзани потписи го нема никаде во светот, тоа може само да им одговара на коалициските апетити на расипничката власт и ништо друго.
Додека СДСМ и Заев тераат попис по секоја цена голем број на држави од Европа го одложуваат пописот поради пандемијата се со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Но, со ова уште СДСМ и Заев уште еднаш докажаа дека не им е битно здравјето на граѓаните.
Не само што не се грижат за здравјето на граѓаните, туку никој во државата не им верува дека Заев и СДСМ ќе спроведат регуларен попис затоа што Заев е решен да направи политичка, а не статистичка операција.
ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој предлог за пописот и затоа нагласува дека ќе започне со иницијатива за собирање на потписи во Министерството за правда и потоа таа иницијатива ќе ќе ја достави во Собрание со кој ќе побара поништување на Законот за попис.
Ова не смее да им помине на СДСМ и Заев. Пописот е од стратешко значење за државата, и не смее да биде уште една геостратешка грешка на Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ