Секој ден од Центарот за комуникации на СДСМ се пушта едно исто стерилно соопштение, во кое што се повторуваат истите тези, невистини и лаги, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштенијата од СДСМ кои секојдневно се дистрибуираат.
– Центарот за комуникации на СДСМ го заштитува Заев од криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува. Го заштитува со исти фалични тези за референдумот, манипулира, го повикува ВМРО-ДПМНЕ итн. Така срамот од капитуланскиот договор не се покрива. Не се покрива ниту скандалот за тендери и партиски вработување на над 6.000 лица во администрацијата. Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж кој и го прават на Македонија, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија.
Натаму се додава дека јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ, но на крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат.
Претходно беше дистрибуирано соопштение на СДСМ во кое повикува „Мицкоски да не се крие зад лажните вести, туку да соопшти јасен став, да се изјасни за што е.“
– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги чита и внимателно ги анализира соопштенијата на СДСМ, тоа е шанса оваа опозициска партија на научи дека кога им се обраќа на граѓаните мора да има јасен и конкретен став, изградени политики, план и визија. Особено кога станува збор за клучните прашањата за иднината на државата со највисок национален и државен интерес. Несериозно и неодговорно е да се нема јасен став за овие прашања, се вели во соопштението на СДСМ.
Натаму се додава дека „има конфузија во ВМРО-ДПМНЕ“.
– Или е за светла иднина или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато, соопшти владејачкиот СДСМ.