Тука на легендарното „Обориште“ нашите предци тргнаа кон патот за слобода и достоинство. Водени од вербата и со цел да го дадат својот дел на олтарот на револуцијата, тракијските делегати го поткрепија решението за востание донесено во Македонија. Кога нашите сонародници во Македонија се креваат, местото на Тракијците е со нив, рекол денеска бугарскиот претседател по повод 115 годишнината од, како што велат, Илинденско-Преображенското востание.

Тој, меѓудругото додал: „Никој не може подобро од вс, наследниците на хероите, да го сочува и пренесе споменот  за оние кои го дадоа животот за бугарската национална идеја“.