Три години откако се на власт СДСМ нема ниту еден капитален проект во државата, нема повисоки плата, нема нови работни места, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Без никаков срам се фалат за подобар живот, за капитални проекти, за инвестирање во патната инфраструктура кога народот живее во беда и сиромашија и илјадници граѓани ги изгубија своите работни места поради нивната неспособност. Се фалат дека граделе автопатишта, а реалноста е дека не беа способни и да ги довршат започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во период на пандемија не беа способни да набават заштитна опрема за лекарите, а ни најмалку пак да инвестираат во нешто друго. Граѓаните добро знаат дека ова го прават да собираат политики поени, затоа што сакаат избори и во период кога државата има висока бројка на ново заболени. Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.