Власта на СДСМ и Зоран Заев продолжува да работи спротивно на законите и правото. Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов продолжува со незаконското назначување на в.д. директори во училиштата непочитувајќи ги законите.
Имено, в.д. директорката на СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје, Лидија Андоновска сертификатот кој го набавила од Софија како доказ за познавање англиски јазик не е за полагање и на истиот не стои дека има положено, туку тој е само за присуство.

Дали Шилегов свесно спротивно на член 93в од Законот за средно образование ја назначува Андоновска и покрај тоа што во училиштето има наставници кои ги исполнуваат условите?
Според член 91 став 2 директор на јавно средно училиште треба да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) – најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен или АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

Зошто и покрај тоа што градоначалникот Шилегов е запознат од страна на Државниот просветен инспекторат за несоодветноста на сертификатотот по третпат врши назначување на Андоновска за в.д. директор?
Зошто Андоновска го прикажува сертификатот од образовниот центар „Advans“ кој врши само подготовка за полагање на испитите од Cambridgе English?
Зошто набавила таков документ издаден во април 2019 година кога Британскиот Совет постои уште од 2008 година?
Британскиот Совет како единствена организација која е лиценцирана за реализација на испитот КЕТ од Cambridge English на територија на Македонија согласно извештајот се произнесува дека истиот не е доказ за положен КЕТ како што се бара во Законот за средно образование.

Власта на СДСМ и Шилегов продолжува со незаконското назначување на в.д. директори во училиштата.
Власта на СДСМ и Заев воопшто не работи во интерес на учениците и образованието. Напишаа на Фејсбук од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ