Го поддржуваме предупредувачкиот протест на Македонската информативна агенција која денес својот револт кон Владата го изрази на овој начин.

Овој чин се случува за прв пат после 25 години и го покажува начинот на кој Владата ги третира медиумските работници. Власта на СДС и ДУИ во континуитет ги лаже сите граѓани и купува специјален мир со секакви ветувања кои на крајот не се реализираат. Иако ветуваа дека покачувањето на платите на вработените во МИА е предвидено во финансискиот план за 2023 година, повторно ова остана уште едно празно ветување на власта.

Како политичка партија која ги почитува и вреднува медиумските работници и се залага за подобрување на нивните економски состојби кои ќе резултираат со достоинствена, професионална и слободна средина за работа секогаш ќе се залагаме за задоволување на барањата на медиумските работници.

Власта на СДС и ДУИ уште еднаш докажа дека не ја почитуваат медиумската слобода, потполната независност и овозможување на раст на платите во новинарството.