Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, е синоним за начинот на функционирање на СДС и ДУИ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Филип Андов Сокол кој е исто така поранешен советник на Заев е доказ за криминалното владеење на СДС во изминатите 7 години. СДС соработувала со криминалци а преку Филип Андов Сокол стигнале до ниво и државата да работи за криминалци. Сокол трошел државни ресурси и народни пари за да се рашетуваат криминалците од Шутка. Филип Андов Сокол од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат и каде сакаат а униформирани лица тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и трошеле службени ресурси. СДС и Филип Андов Сокол наместо да се борат против криминалот преку нив државата работела за криминалците. СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол. Правда и одговорност мора да има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е корумпираните носители на јавни функции да бидат онеспособени и спречени да го корумпираат општествениот систем. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството, додаваат од владејачката партија.