Три години СДСМ, три години Македонија пропаѓа, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Младите константно се иселуваат, а вчера и Стево Пендаровски кажа доколку нема функција како претседател и тој ќе се исели. За која црна економска политика зборува Заев, кога и шефот на државата вели дека би се иселил кога не би бил претседател!? Што треба да кажат младите!? Економската политика на Заев е фијаско. Доказ за тоа се преполните автобуски и аеродроми полни со млади кои со карти во еден правец ја напуштаат државата, се вели во реакцијата.

Натаму во денешното соопштение се додава:

– И Стево Пендаровски знае дека власта е криминална, рекетот цвета и е потоната во корупција. И Стево Пендаровски знае дека правниот систем е нефункционален. И Стево Пендаровски знае дека Македонија со Заев тоне. Сите знаат дека со СДСМ Македонија пропаѓа, само Заев има розеви очила и не ја гледа реалноста. На 12 април завршува времето на лаги и манипулации. На 12 април победува ВМРО-ДПМНЕ и почнува обнова на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.