ВМРО-ДПМНЕ е цел на политички прогон од страна на власт која лажно се преставува за проевропска, а применува најтоталитарни методи, реагира најголемата опозициска партија, во врска со последните настани што се случуваат.

– Зоран Заев и СДСМ вчера се обидоа да ја убијат демократијата и слободната мисла. Власта покажа полициска бруталност и насилие од страв за сопствените грешки и неуспеси. Додека убиецот на Мартин Јанушев и по една година сеуште на слобода, а убиецот на младиот Саздо се уште е непознат и никој не трага по нив власта се занимава со политички монтировки. Откако СДСМ е на власт имаме вкупно девет нерасчистени убиства, за кои никој не презема одговорност. Полицијата не се справува со вистинските криминалци кои демнат по улиците и се потенцијална опасност за секој еден граѓанин, бидејќи е зафатена со реализација на партиските нарачки за политички прогон, реагира ВМР)-ДПМНЕ.

СДСМ, се додава во соопштението, го користи политичкиот прогон врз Никола Груевски и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ.

– Никаде во модерна Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција, да проверуваат и претресуваат партиски активисти со апсурдни образложенија, за да ја замолкнат критичката и слободна мисла, која се повеќе е изразена. Целта е да се заплаши секој граѓанин кој размислува поинаку од капитулантската влада на Зоран Заев. Власта ја промаши целта, ниту некој е заплашен, ниту потиштен. ВМРО-ДПМНЕ е посилно и помотивирано да се бори против сите кои ја погазија демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Насилниците врз правото и правдата за целиот политички прогон кој го режираат ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата, се вели во реакцијата.