Власта на СДСМ и Зоран Заев ја клекнаа македонската економија на колена, ветуваа капитални инвестиции, покачувања на плати и пензии, младински гаранции, а од сето тоа испорачаа само афери како што се „Рекет“, „Кеш“, криминални тендери, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ветуваа на пензионерите дека секоја година за 1-процент ќе им ги зголемуваат пензиите, а во 2017-тата на први јануари, истите тие пензии кои што со години наназад беа зголемувани им ги намалија. Го укинаа столбот каде што пензиите се нивелираа соогласно порастот на просечната плата и така секој пензионер во втората половина од 2019-тата загуби месечно по најмалку 700-тини денари. Заев и СДСМ пред избори на младите им ветуваа младинска гаранција. Ветуваа и вистинско образование, реформирано образование, високо образование. На крај младите не добија ништо.Земјоделците од ветените високи субвенции и загарантиран откуп за нивните производи, не добија ништо. Нивните производи секојдневно завршуваат на буниште поради незаинтерисираноста на оваа криминогена власт, стои во соопштението.

СДСМ и Заев, се додава натаму, ја враќаат Македонија во времето на транзиција, кога преку ноќ народот остануваше без работа.

– Ветуваа рекордни странски инвестиции во Република Македонија, но според податоците од третиот квартал, последни сме во регионот и во Европа. Земјите од регионот се први по странски инвестиции бидејќи имаат систем кој што функционира, а не политичари кои што рекетираат.Знаат да донесат квалитетна странска инвестиција, а не да ги бркаат со уцени рекети и закани.Поради лошите политики на владата на Заев, Македонија нема да се помести ниту скалило од последното место. На сето ова ќе дојде крај, а крајот ќе се случи на 12 април, кога оваа власт ќе замине на темните страници од историјата и ќе започне обнова на Македонија. Обновата ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада и кога ќе започне ера на реални и успешни мерки за доброто на државата и граѓаните, се вели во соопштението од опозициската партија.