Падот на оваа влада е се поочигледен, поразот на СДСМ се ближи, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Поради тоа Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. За да се оствари тоа, Уставниот суд ќе создаде пракса, Пендаровски ќе реализира. Одлуката на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и останатото судство, целосно се потчинија на волјата на Заев и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да престане со притисоци врз судската власт. ВМРО-ДПМНЕ е против амнестии и против аболиции. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи амнестии и аболиции. Доколку Заев продолжи со неговиот план и ги разгневи граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нив на протести, се вели во соопштението.