Три години Заев и СДСМ на власт, три години измами, криминал и пропаѓање. Лагите на Заев и СДСМ со секој изминат ден стануваат се поочигледни, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Благој Бочварски по три години призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Зоран Заев преку ширење на лажни вести три години ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Три години владата на СДСМ ја стопираше изградбата автопатот Кичево – Охрид, за да можат да склучат нови анекси на договорот тешки 180 милиони евра. Изградбата на овој автопат тапка во место. Како што беше оставен во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, така е сега, се вели во соопштението.

Натаму во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ се додава:

– Зоран Заев и СДСМ три години ја лажат и ја манипулираат јавноста. Три години си играат со животите на граѓаните на Република Македонија. Зоран Заев со неговите лаги ги доведе граѓаните до питачки стап, а младите ги исели надвор од државата. Време е да се стави крај на лагите на Зоран Заев и неговата влада. Време е да започне обнова на Македонија. Таа обнова ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12-ти април, на предвремените парламентарни избори. Се ближи крајот на Зоран Заев и неговата криминална влада, се вели во соопштението.