Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на Соравија и како е извршена трансакцијата? Дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет? Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива?, прашува Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Истовремено мора да се нотира дека се лага тврдењата и сликата која сакаат да ја создадат Ахмети и други инволвирани во случајот, дека Соравија е загубар, со големи кредити.

Од достапните информации, може да се заклучи дека за две години деловниот центар Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога истиот не е целосно искористен.

Деловниот центар Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Оттука логички се поставува прашањето, дали во истиот ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи?

Дали кланот Зајас преку Соравија ќе вади милионски профити?, додава Ковачки.