Во Албанија има 1,1 милион вработени лица, објави бирото за статистика Инстат, но огромен број од нив да плаќаат придонеси кон државата.

Според податоците за 2017 година, дури 36 проценти од вработените не се вклучени во социјалниот и здравствениот систем, однос не издвојуваат за пензии и за здравствено осигурување.

Огромен дел од работната сила во Албанија, објавуваат некои медиуми, не работат за плата, туку се водат како самовработени, без плата, или како вработени на црно или имаат семеен бизнис и се водат како без плата, како и во земјоделскиот сектор.

Статистиката на Светска банка покажува дека од 1,1 милиони вработени Албанци околу 600.000 не работат во ниту една компанија, туку се активни како самовработени во семеен бизнис или се водат како неплатени работници кои се во некој семеен бизнис.

Во информацијата нема податок колку се водат како вработени на црно и што значи тоа за пензискиот и и за здравствениот фонд на Албанија која е члнека на НАТО и е земја-канидат за во Европската унија.