Во Црна Гора, прва доза на вакцина против коронавирус досега примиле 44,1 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 37,4 проценти.

Досега се дадени 372.949 дози вакцина против коронавирус.

Првата доза на вакцината против коронавирус ја примиле 201.841 лице или 32,6 проценти, а втората 171,108 или 27,6 проценти од вкупното население.

Во последните 24 часа во Црна Гора, 1.437 лица ја примиле првата доза од вакцината, а 1.247 граѓани биле ревакцинирани.

Масовната вакцинација против Ковид-19 во Црна Гора започна на 4 мај.