Холандија, чиј премиер Марк Руте повеќе се интересира за спасување на Заев и за расправии со Орбан, со деновиве бележи вистинска трескавична пандемија на корона вирусот со над 20 000 заразени на дневно ниво и со бројка помеѓу 55 и 60 мртви.
Холандија има 16 милиони жители, што значи има над 1 000 заразени на еден милион на дневно ниво и по околу четири мртви на еден милион. Холандија има 72,6 отсто целосо вакцинирани граѓани и ова не би требало да се случува. Овие бројки се адекватни на 2 000 заразени на дневно ниво во Македонија и меѓу 8 и 10 мртви, што со вакцинираност од 72 отсто е вистинска катастрофа, поради што оваа земја која се смета за високо развиена почна да префла пациенти во Германија што отприлка значи дека нивниот систем колабирал.
За да биде уште полошо, речиси една петтина од новите инфекции се кај деца на возраст од пет до 14 години, а кај секое четврто дете кое било тестирано за коронавирус во изминатата недела било откриено дека го има вирусот.
Холандија вчера имаше 22 031 позитивен, што значи дека, ако една четврина биле деца, тоа се 5 500 деца кпои биле пзоитивни сано во еденд ен, а од тие 22 000, 4 400 се деца од пет до 14 години.
Нивните родители, исто така, се повеќе се позитивни на тестот.
Промените сега се вградуваат во училишните протоколи.
На родителите повеќе не им е дозволено да влезат во училиштата, додека персоналот и учениците мора да останат дома доколку имаат други симптоми покрај течење на носот.
Вработените исто така се повикуваат да работат од дома, освен ако не мораат да предаваат или нивното присуство е во интерес на учениците.
Вработените во основните и средните училишта се повикани да се тестираат двапати неделно. Училиштата можат да ги нарачаат тестовите директно од владата.