Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе изврши авионско прскање против комарци на подрачјето на општината. Оттаму апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се одложи за наредниот ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

Властите на главниот град се уште немаат извршено авионска дезинсекција. Тендерската постапка е заглавена со месеци.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, неодамна изјави дека прскањето годинава доцни, бидејќи тендерот беше обжален поради сомнение дека набавените препарати се штетни за граѓаните. Минатите години тендерската постапка за првото прскање против комарци вообичаено се распишувала во рана пролет, а оваа година првата дезинсекција  во главниот град доцни како никогаш досега.