За оние кои ќе огладнат за време на престој во Москва, санитарната инспекција има ултимативна порака – НЕ јадете кебап на ниту едно место бидејќи на секое прегледано место е утврдено кршење на санитарните правила.

На посетителите им советуваат конзумација на локални производи како боршч, локални тестенини со месо или супа сољанка.

Во сите – повеќе од 250 киосци, ресторани и дуќани со ќебапи кои се проверени во Москва – инспекторите пронашле кршење на санитарни правила, од – месо со поминат рок до бактерија Е-коли на раце на продавачи.

На некои места немало вода за миење раце или храната била со непознато потекло, објави агенцијата Роспотребнадзор. Повеќе од 110 дуќани ќе бидат привремено затворени потади тие наводи.