тоПовеќе од 100 години, тие (Македонците) ги издржаа напорите на Турците, Грците, Бугарите и Југословените, да ги асимилираат. Тие се ултрапатриoти, македонски патриоти и меѓу најголемите борци во Европа.

Тоа во 1941 година стои запишано во Waikato Independent во Нов Зеланд.

-Иако окупирани и поделени, тие остануваат Македонци, иако Македонија веќе ја нема. Тие се пoтсетуваат на последната војна и ги мразат Германците. Тие ја мразат и Италија. Ги мразат и властите во Белград. Едно време се заколнаа на верност кон Бугариja, којашто им ветуваше автономија, но сега ги мразат и бугарските владетели, пишува новозеландскиот весник во април 1941 година.

Ова е само уште еден мал прилог кон историјата на Македонија. За тоа дека Македонците биле Македонци уште пред да биде создадена СФРЈ. Истовремено значи дека светот знаел за Македонија и Македонците уште пред 1945 година, пред кодификацијата на македонскиот јазик и доказ дека се злобни тврдењата на соседите дека Македонците се „осознаени Бугари во времето на Тито и Коминтерната“.

(Д.Г.)