„Има една паметна работа која можат да ја направат.
Да си земат слика од Груевски, да си ја урамат и дома на ѕид да си ја стават. Секое утро и секоја вечер да се крстат како пред икона и да му бидат благодарни што 12 години уживале во кожени фотељи и што денес носат брендирани кошулчиња и фармерчиња.
Одете си и уживајте во богатството кое го имате спечалено без капка пот!!!“

Со овие зборови, прилепчанака Пале Печијареска Матеска ја прокоментира на својот ФБ профил вчерашната прес конференција на т.н. група за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Се чини, госпоѓата ја долови суштината на целата ситуација.