Полицијата ги повикала Јордан и Влатко Мијалкови поради истрагата за бегството на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, потврдија од МВР.

Влатко Мијалков е брат на поранешниот директор на УБК и долгогодишен заменик директор на Царинската управа. Од друга страна, 26 годишниот Јордан Мијалков на хартија е сопственик на сите бизниси на неговиот татко.

Освен членови на семејството, приведени се и членови на неговото обезбедување.