Закон за евтаназија стапи на сила во Шпанија денеска, со што стана четврта земја во Европа што им овозможува на пациентите со неизлечива болест доброволно да изберат смрт за да стават крај на страдањето.
Законот беше еден од приоритетите на владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез.
Долниот дом на Парламентот го усвои законот во март.
Покрај Шпанија, евтаназијата е легализирана во Европа во Холандија, Белгија и Луксембург.